декември 5, 2023

Maкрон удри по Бајден и САД?: „Русија е во Европа а ЕУ треба да има своја одбрана а не надворешна

Шефот на француската држава Емануел Макрон ја посочи географската положба на ЕУ, која е сосед на Русија:

– САД се наш сојузник во рамките на НАТО. Работиме со нив, тоа е добро, делиме многу заеднички вредности. Но, оние што живеат крај Русија се Европејци. Затоа веќе пет години велам дека ние Европејците мора да имаме одбранбена политика и дека треба само да го дефинираме просторот и архитектурата на безбедноста, а не да ја делегираме на други. Не смееме да заборавиме на нашата географија и историја. Ние не сме во војна со рускиот народ, рече Макрон.

Макрон рече и дека Бајден ја ескалира ситуацијата со изјавата за смена на Путин и на власта во Русија. И САД се правдаше дека Бајден не мислеше на смена на власта во Русија, изјавата на Бајден беше осудена и од Германија и др. по острата реакција на Москва.