86 566 Македонци имаат бугарски пасош а не 200 илјади колку што тврдеше Софија

Бугарските власти излегоа со официјални податоци за тоа колку странци поседуваат бугарски пасоши. Како што наведува агенцијата БГНЕС , во последниве 15 годни тоа го сториле точно 86.566 наши граѓани. Ова е многу помала бројка.Се зборуваше за бројки од 200.000 до 300.000 лица. Врз овие нереални бројки Бугарија бара права на македонските граѓани кои сметаат дека се Бугари.
Во процедура за бугарски пасош во моментов се 3500 македонски граѓани.
На второто место за бугарски пасоши се граѓаните на Молдавија, трета е Србија а четврта Албанија. Македонците како и другите заради работа во земјите од ЕУ решиле да извадат бугарски пасоши.