јуни 10, 2023

2 171 помалку родени од умрени, во четвртото тримесечје лани

5 015 живородени деца се евидентирани во четвртото тримесечје лани, што е зголемување од 12,4 отсто во споредба со истиот период од претходната година, соопшти Државниот завод за статистика.

Бројот на умрените лица во четвртото тримесечје од 2021 година е 7 186, од кои 34 се умрени новороденчиња и бележи намалување од 23,9 % во споредба со истото тримесечје од 2020.

Природниот прираст е -2 171, односно за толку лица е помал бројот на живородените деца од бројот на умрените лица.

Бројот на склучените бракови во ова тримесечје од годината е намален за 3,5 отсто во однос на истиот период во 2020 година, односно склучени се 2 707 бракови.

За ова тримесечје се добиени 499 извештаи за разведените бракови, што претставува намалување за 5,3 проценти во споредба со истото тримесечје во 2020 година.