Во попис на СХС од 1931-та има графа Македонци а попишани биле 642 илјади Македонци

Во 1931 година во попис на кралството СХС биле попишани 642 000 Македонци. Во документот од Народната статистика на Југославија кој го објави професорката Тања Каракамишева на нејзината фб страна се гледа дека дека покрај другите народности од СХС има и графа Македонци а како такви биле попишани 642 илјади. На документот покрај Србите и Хрватите има графа за десетина националности кои живееле во СХС во тоа време. Документот е интересен наспроти тврдењата на Бугарите дека Македонците се измислица на Тито и коминтерната и нивните барања за заедничка историја и да признаеме дека пред 1944 година не постоел македонски народ.