17 април фолклорен фестивал на Македонците во Тирана

Во организација на македонското друштво „Илинден“, со поддршка на Министерството за култура на Албанија, на 17 април, во Тирана ќе се одржи вториот „Фолклорен фестивал на македонското малцинство во Албанија.
Почитувани,
Македонско друштво “Илинден“-Тирана ги поканува сите љубители на македонскиот фолклор во Република Албанија на “Фолклорен фестивал на македонското малцинство во Република Албанија“
Македонско друштво “Илинден”-Тирана со поддршка на Министерството за култура на Република Албанија организира втор пат во Тирана “Фолклорен фестивал на македонското малцинство во Република Албанија”. Македонското друштво “Илинден“-Тирана ве покануваме на 17 Април 2022, 16 : 00 часот кај Амфитеатар Тирана (Голем парк на вештачко езеро во Тирана) – Влез бесплатен.
„Оваа манифестација е од големо значење за нас Македонците во негувањето на традициите и фолклорот, која финансиски ја поддржува албанското Министерство за култура. Очекуваме голема посетеност како од Македонците кои живеат во Тирана, така и од други делови на Албанија“, изјави за МИА претседателот на МД „Илинден”, Никола Ѓурѓај.
Според него, на оваа значајна манифестација за Македонците, ќе учествуваат фолклорни групи од областите Гора, Голо Брдо и Мала Преспа, сите со македонски песни и ора од споменатите области.
Гости на вечерта се очекува да бидат членовите на театарот „Скрб и утеха” од Скопје.