јуни 10, 2023

.

Правда го повлекува предлогот за казнивост на „негативно мислење“кон власта. Милошовски вели дека предлог законот бил дело на Камбовски

Од Министерството за правда се правдаа дека формулацијата во однос на предлог Законот е грешна за што ќе се интервенира веднаш во амандманската расправа, се вели во реакцијата на Министерството за правда по реакциите во јавноста.

Јавноста бурно реагираше на предлогот со закон да се казнуваат и граѓаните кои ќе изразат негативно мислење за власта па од власта ретерираа дека станува збор за грешка во текстот на предлог законот.


Предлогот за казна за „негативно мислење” во Собранието дојде со злоупотреба на европското знаменце, со цел да помине по итна постапка и без јавна дебата.
Според пратеникот Антонио Милошоски, предлогот за закон со кој што ќе се казнува негативно мислење кон власта е на Камбовски.

– Работите стануваат појасни доколку се види кој раководел со групата за таканаречени реформи во Министерството за правда. Тоа е академикот Камбовски, или „главниот партиски обвинител” кој во едноумието го гонеше професорот Ѓорѓе Марјановиќ што се дрзнал да предложи укинување на вербалниот деликт. Тоа што не му успеало на Камбовски во едноумието, сега нашол прилика да го протне како „негативно мислење” со европско знаменце со актуелнава влада. Ова е лош старт за новиот министер за правда, кој го наследил и предлог законот и академикот. Но, доколку министерот Тупанчевски има желба да ја увери јавноста дека не се согласува со предложениот „вербален деликт” не е доволно само да соопшти дека станува збор за грешка во текстот, туку да го смени и авторот на текстот и да го тргне Камбовски од челната позиција на Работната група за реформи на законите во Министерството за равда. Така не само што ќе заштеди на исплатените хонорари за Камбовски, туку ќе се поштеди и од слични бламажи во иднина, порача Милошоски.