декември 2, 2023

14.03.2001- со нападот на Тетово започна војната во 2001 година.

Статус на фб страната Специјална единица Волци 11:42 часот, 14.03.2001- со нападот на Тетово започна војната во Македонија во 2001 година.
Денес напаѓачите и убијци на најподмолен начин се предводници на демократијата и телата на државата.
Пред 17 години, на истиот овој ден, во истиот овој час, веќе беа почнати пукотниците во Тетово, со кој беше обележан почетокот на војната во градот Тетово.
Демонстрациите на градскиот плоштад од страна на албанското население, прераснаа во масовни протести со излив на насилство и непримерни скандирања. Првите пукотници од Калето, беа дочекани со овации, извици на воодушевување и одобрување од толпата народ на плоштадот.
Полицијата во првите неколку дена беше притисната на работ, голем дел од населението во Тетово привремено, а некои и засекогаш, се иселија од градот во тие денови.
По првичниот шок, полицијата се созеде и дојде на своето, постави пунктови на критичните точки во градот, и стратешки го одбрани центарот.
На 26.03.2001, со дводневната акција МХ-2 на пензионираниот генерал Панде Петровски, Тетовското Кале беше потполно освоено од страна на македонската полиција припомогната од АРМ, а УЧК прегазена.
Ова парче од историјата нека служи како потсетник за едно време, време кое никогаш нема да биде заборавено, време кое одзеде многу македонски животи и остави многу семејства завиени во црнила. Слава им на сите херои.

Специјална единица Волциhttp://Специјална единица Волциhttps://www.facebook.com/specijalnaedinicavolci12/?__cft__[0]=AZUJEbvjcg0LFqM1fZn2z21xous6DiP7FVXQc3ufkCNouybOeLf6ljBErmmR–ykMlfMfnqJxJNqUfgo1Qxl2CHHsW-pG6k1c8SKOwRMF4a0tjYvrS2WTB2s_QrNoy0t5rBpS4mk5Kpsm5pXKvNIrHp0luFTaD4kdfRVMikoyg5v27gSbaAdWZGLtFkaffZbmn6PF-BQelOroIOTq5Obfsfp&__tn__=-UC%2CP-y-R