септември 26, 2022

11-годишната Македонка Тамара на фестивал во Русија освои Гран При

Тамара Грујевска од Гостивар на Интернационалниот музички фестивал „Golden Stars Rain“ во Русија ја освои највисоката награда – Гран При. Оттогаш 11-годишната Тамара постојано позитивно ја изненадува македонската јавност.

Тамара Грујевска е 11-годишна девојка, која со својот раскошен глас ги освојува сите. Ученик е во шестто одделение во ОУ „Гоце Делчев“ во Гостивар, а паралелно е ученик во основното музичко училиште „Енфер Стафаи“, каде свири клавир и во музичкото училиште за соло пеење на Андријана Јаневска – отсек популарни светски жанрови.
Од нејзиниот талент и вокал, не се изненадени само гледачите и љубителите на музиката, туку и познатите изведувачи..
Иако уште нема влезено ни во светот на тинејџерите, Тамара напорно работи на својот талент и е решена дека музиката ќе биде нејзиниот правец во животот. Сонува за светска кариерата, а дека сонот можеби ќе ѝ стане реалност, говори и тоа што се труди и работи.

Повеќе за талентираната Тамара на hashtag https://hashtag.mk/posakuvam-svetska-slava-za-koja-neskromno-mislam-deka-poseduvam-golem-potencijal-11-godishnata-tamara-grujevska-za-hashtag. videohttps://hashtag.mk/pokaza-kako-se-pee-vo-makedonija-tamara-grujevska-osvoi-gran-pri-na-festivalot-golden-stars-rain-vo-rusija-video