декември 2, 2023

ЏОНСОН ИМ ЗБОРУВАШЕ РУСКИ НА РУСИТЕ

Британскиот премиер Борис Џонсон зборуваше руски јазик во видео во кое им се обрати на Русите. Видеото потоа беше објавено на Твитер.

– Рускиот народ ја заслужува вистината, ги заслужувате фактите – почна Џонсон– Тие снимки и фотографии се толку шокантни и страшни што не е ни чудо што вашата Влада се обидува да ги сокрие од вас. Вашиот претседател (Владимир Путин) знае оти вие не би ја поддржале оваа војна, кога би можеле да видите што се случува – рече во своето обраќање Џонсон.

Тој додаде оти рускиот претседател е обвинет за воени злосторства додавајќи оти „не можам да верувам дека тој дејствува во ваше име“.

Русија негираше какви било злосторства извшени во Украина, вклучувајќи го и наводниот геноцид во Буча..