мај 29, 2023

Ќе се укине техничката предизборна влада, наметната од шарената револуција

ВМРО-ДПМНЕ денес ќе го достави до Собранието предлогот за укинување на техничката влада. Во предложените измени на Законот за Влада се предвидува бришење на околу девет точки од законот, со што практично техничката влада би заминала во историја, но и дека измените одат со барање за предвремени избори.

Решението за техничка Влада првично беше применето по кризата која настана, откако Зоран Заев како лидер на опозицијата во 2015 година почна со објавувањето на „бомбите“, по што следеа предвремени избори. Техничката влада беше како одговор на недовербата на опозицијата во институциите и начин да се продлабочи институционалната криза преку која тогашната опозиција се обидуваше да дојде на власт.. Во техничката предвремена Влада меѓудругото министерот за внатрешни работи го назначуваше опозицијата.

Најавивме дека ќе поднесеме предлог закон, за предвремените парламентарни избори, кои што по секоја цена ќе се случат, без разлика што и да си замислуваат во СДСМ, народот повеќе не ги сака. Во тој предлог закон кој што ќе го предложиме, а го најави и претседателот Мицкоски ќе има бришење на некаде околу 9 точки од Законот кои што се однесуваат на техничката влада која што имавме прилика да ја видиме на кој принцип функционира изминатите години пред избори. По однос на тоа прашање последиците кои што ќе произлезат од тој предлог закон ќе биде враќање на моделот на функционирање на парламентарни избори или предвремени парламентарни избори пред 2016-та година и доколку сметаат дека се толку сигурни во победата еве може да го прифатат и изгласаат – изјави вчера на прес-конференција портпаролот на ВМРО-ДПМНЕ, Димче Арсовски.
СДСМ ги отфрла повиците за предвремени парламентарни избори.