септември 27, 2023

Ја снема ли Македонија, ќе исчезне и ВМРО-ДПМНЕ

Маките околу формирањето на новата марионетска власт, во окупираниот вардарски дел од Македонија, ги разбудија и злите духови во најголемата така наречена патриотска партија, вмро-дпмне. Двете навидум неповрзани теми, имаат еден длабоко скриен заеднички двигател, а тоа се надворешно-внатрешните интересовни групи на кои им пречи сѐ што е македонско.

Енормно зголемената активност и нервоза, кај членовите на вмро-дпмне произлегува од сѐ помалата веројатност дека ќе поделат дел од владиниот колач и покрај додворувањето кон западните дипломати изминативе години и како резултат на ова, гревовите што ги направија спрема македонскиот народ и Македонија. Сето ова беше спакувано во вид на отстапки, компромиси, конструктивност и актинва пасивизираност во моментите на големите предавства што сдсм ги направи од позиција на власт. И не само тоа, алчноста за власт ги разбуди и внатрешните криминално-кадровски недоразбирања, кои веќе прераснаа во отворена борба.

Што тука е заедничко? Надворешно-внатрешните интересовни групи кои неколку векови ја уништуваат Македонија, изминативе две години ја јадат јаготката од тортата со обидот за менување на името на единствениот слободен дел од Македонија и прифаќањето на тој обид од страна на поголемите, односно повеќето, македонски политички партии како „нова реалност“, меѓу нив и „славното вмро-дпмне“. Народот ова секако дека не го прифати на референдум, но кој прашува народ во окупирана држава. Заедничкиот двигател се пронаоѓа во тенденцијата да се уништи сѐ што има македонска нишка, вклучително и ВМРО-дпмне, а не само името како што на почетокот се пропагираше. Не знам кај им беше умот кога комитите од белата палата мислеа дека Македонија ќе ја дадат на ѕверовите а тие ќе се спасат. Ѓаволот затропа на вратата од белата палата (седиштето на дпмне), дојде по својот данок. Вмровците заборавија на старата македонска мудрост, со свој камен по глава.

Надеж има, иако со текот на времето станува се потешко спасувањето. Потребно е членството на вмро-дпмне да откаже послушност на своето раководство и да почне да ги следи интересите на Македонија и Македонците. Секако многу полесно ќе беше ако ова се случеше кога се гласаше промената на името во Собранието, уште полесно кога го назначија терористот Џафери за министер за одбрана а најлесно кога ја избришаа картата на етничка Македонија од членските книшки а нешто подоцна и Македонците од окупираните делови од Уставот на државата. Тука Република Македонија, но и вмро-дпмне, ја направи клучната грешка, наместо битката за Македонија да ја води на териториите на соседните држави преку барање за основните човекови права на Македонците кои сеуште живеат таму, и непријателите да ги држи таму, владите на дпмне и сдсм се откажаа од тоа и дозволија непријателот да влезе на единствено ослободеното прарче и со тоа и тука да се избрише се што е македонско. Но не е предоцна, надеж постои, се додека постои и последниот Македонец, а сеуште не има многу.

Ваш Вардарец