Јанукович го повика Зеленски да не се бори до последниот Украинец

Виктор Јанукович го повика Володимир Зеленски да го запре крвопролевањето по секоја цена. -Вие сте должни по секоја цена да го запрете крвопролевањето и да постигнете мировен договор. Тоа се очекува од вас во Украина“, се вели во апелот на поранешниот претседател на Украина симнат од власт со украинската шарена револуција .
Според Јанукович украинскиот народ би бил благодарен за таквиот чекор.
„Сакам да му се обратам на Зеленски на претседателски, па и малку татковски начин. Владимир Александрович, веројатно сонувате да станете вистински херој! Но, херојството не е наметливо, не е за борба до последниот Украинец“, напишал екс-претседателот.
Тој истакна дека со болка го доживува она што сега се случува во неговата татковина и длабоко сочувствува со страдањата што Украинците се принудени да ги поднесуваат. Истовремено, тој нагласи дека „во секоја трагедија има момент кога таа сè уште може да се запре“.
„Од вашиот прв ден ветивте дека ќе ја прекинете војната во Украина и затоа цела Украина ве поддржа“, изјави Јанукович