Јане Ченто: Каква е правдата или неправдата? Претходно Ченто реагира и на информациите изнесени од Боки 13 за селективно и паушално обвинување на лица за 27 април

По ослободувањето на Рашковски со кауција од скоро 200 илјади евра реагира Јане Ченто чија понуда од 500 илјади евра беше одбиена. Неговиот фб статус објавен на страницата Слобода за Јане Ченто го пренесуваме во целост.
Слобода за Јане Ченто:
? Каква е правдата или поточно неправдата може да видите од две слики.
⚫ Рашковски пуштен од ДОМАШЕН ПРИТВОР со гаранција од 192.000 евра.
? Јане Ченто со собрана гаранција од 10 фамилии пријатели на Јане, која вкупна вредност изнесуваше повеќе од 500.000 евра остана во притвор во Шутка, односно му беше одбиена гаранцијата за која патем повторувам гарантираа 10 фамилии пријатели на Јане со своите станови и куќи.
Не треба повеќе да се коментира за системот во оваа држава и каква е селективната правда или неправда која се прави врз политичките неистомисленици од оваа влада.
Претходно Ченто реагира и на информациите изнесени од Боки 13 за селективно и паушално обвинување на лица за 27 април. Боки во отворено писмо до Русковска ја обвинува за селективно и паушално обвинување на лица за тој предмет. Тој исто ја предупреди дека ќе излезе доказ за тоа какви везрии пишувала за обвинението за предметот.