Што се случува помеѓу САД и Русија окулу Украина
Престои средба Лавров – Блинкен
Американскиот државен секретар, Eнтони Блинкен, порача дека на Русија и е понуден јасен избор меѓу дијалог и дипломатија, и конфронтација и последици.
Шефот на американската дипломатија посочи дека на Русија и било јасно ставено до знаење дека ќе следи силен и одлучен одговор не само од САД, туку и од Европа и пошироко, доколку Москва одлучи да ја обнови својата агресија против Украина.
Не сакам да навлегувам во детали, но тоа го правиме во многу тесна координација со европските сојузници и партнери. Доколку Москва изврши агресија против Украина, последиците речиси сигурно ќе бидат економски санкции, дополнителна воена помош за Украина и речиси сигурно е дека НАТО ќе мора да ја зајакне сопствената одбрана на своето источно крило – изјави Блинкен
За време на посета на Киев, Блинкен изјави дека „Русија може да ја нападне Украина практично без предупредување“.
Во последните месеци, Западот ја обвинува Русија дека наводно подготвува инвазија на Украина и дека Москва значително го зголемила своето воено присуство во близина на границите на Украина.
Лавров, во контекст на ситуацијата во југоисточна Украина, го повика државниот секретар на САД да не шири шпекулации за наводната претстојна руска агресија, туку да ги принуди властите во Киев целосно да ги спроведат договорите од Минск