Шведска не сака во НАТО, тоа е лошо за стабилноста

Приклучувањето во НАТО сега ќе ја дестабилизира безбедноста во Европа, рече шведската премиерка Магдалена Андерсон и ги отфрли повиците на опозицијата да размисли за влез во НАТО по руската инвазија на Украина.
Андерсон предупреди дека поднесувањето барање за членство во НАТО во овој момент „дополнително ќе ја дестабилизира ситуацијата во Европа и имплицираше дека пристапување во НАТО ќе има „негативно влијание“ врз безбедносната ситуација во Украина.
Шведска не е во војна од 1814 година и ја градеше својата надворешна политика на неучество во воени сојузи, но воспостави сѐ поблиски врски со НАТО во последниве години, бидејќи тензиите со Русија во балтичкиот регион се зголемија.
Андерсон рече дека дејствијата на Русија во Украина се „сè побрутална и неселективна војна што ги погодува цивилите“, осудувајќи го конфликтот како „нелегален“ повика насилството врз цивилите да престане „веднаш“, сепак таа не изгледаше заинтересирана за дополнително заплеткување на Шведска во конфликтот.
Стокхолм успешно испорача воена опрема, објасни таа, и бара дополнителни начини за поддршка на Киев – како што е зајакнување на неговиот отпор на сајбер-напади – што не ризикува директно да ја вклучи нацијата во непријателствата.
Анкетата покажа дека 51 отсто од Швеѓаните се за членство во НАТО, во однос на 42 отсто во јануари. Луѓето против приклучување паднаа на 27% од 37%. Ова е првпат анкета да покажува мнозинство “за“.
Шведските опозициски партии од десниот центар долго време бараат членство во НАТО за земјата, потег на кој владејачките социјалдемократи се спротивставија.
Финска и Шведска имаат блиски воени врски и потегот на едниот да се приклучи на НАТО би извршил дополнителен притисок врз другиот да аплицира.
Финска изрази интерес да стане дел од алијансата, граѓани потпишаа петиција за членство во НАТО, сепак мнозинството фински пратеници кои беа анкетирани одбија да продолжат со нивните мислења за влез во НАТО.
Шведска се најде на списокот на „непријателски земји“ на Русија, откако беа воведени санкциите кон Москва. Премиерката рече дека тоа најверојатно ќе има „последици“ за шведската економија.