Шварценегер го замоли Путин да каже стоп на војната, го сакам рускиот народ.видео

Холивудскиот актер, Арнолд Шварценегер го замоли рускиот претседател Владимир Путин да каже „стоп на војната“ во Украина и им порача на руските војници дека нивните животи се жртвуваат за бесмислена војна која ја осудува целиот свет.
Во деветминутното видео објавено на неговиот Твитер профил, актерот и поранешен гувернер на Калифорнија, истакнува дека „силата и срцето на рускиот народ секогаш го инспирирале“.
„Ова не е војна за одбрана на Русија која ја воделе вашите дедовци и прадедовци. Ова е илегална војна“ – наведува Шварценегер.
Тој му се обраќа директно и на претседателот Владимир Путин.
„На претседателот Путин му кажувам: Вие ја почнавте оваа војна. Вие ја водите оваа војна. Вие можете да ја запрете оваа војна“ – наведува актерот.
Во описот на снимката тој додава:
„Го сакам рускиот народ. Затоа морам да ви ја кажам вистината“.