Чурлинов даде гол за Шалке

Одличен настап, блескав настап, заверен со убав гол за 2:0 за Шалке на нашиот репрезентативец Дарко Чурлинов. https://twitter.com/i/status/1494772082978271233Иако не го заврши мечот против Падерборн поради полесна повреда, сепак извештаите од овој вчерашен меч велат дека Македонецот просто блескал во дресот на својот Шалке. А убавиот гол на Дарко во 74.минута бил “печат“ на својата игра вечерва.
Претходно Македонецот имаше уште една шанса кога во 65 минута дирекот го спречи да даде гол. Чурлинов игра во Шалке како позајмен фудбалер од Штутгарт.