јуни 10, 2023

Цените на нафтата пак во пораст, по новите санкции на ЕУ

Цените на нафтата се искачија на 109 долари, откако ЕУ објави нови санкции за увоз на руската нафта за да ја казни Москва за наводните воени злосторства во Украина, со што повторно дојдоа до израз малите резерви.

На лондонскиот пазар цената на барелот во попладневните часови беше за 1,10 долари повисока од претходното затворање и изнесуваше 108,63 долари. На американскиот пазар барелот се тргувал по 1,12 долари повисока цена, од 104,40 долари.
Додека Европската унија работи на нови санкции кои би можеле да ја таргетираат руската нафтена индустрија, цените на суровата нафта може благо да пораснат на краток рок.