септември 28, 2022

Цената на гасот во Европа над 1.400 долари

Цената на гасот во Европа денеска се искачи над 1.400 долари за 1.000 кубни метри, покажуваат податоците на лондонската платформа ICE.

Априлските испораки на гас се договорени во холандскиот центар ТТФ по цена од 1.430,5 долари за илјада кубни метри, што е 125,99 евра за мегават час, според сегашниот курс евро/долар, пренесува агенцијата Тас с.

Уште еден нагло поскапување на овој извор на енергија во Европа започна во средата, на 23 март, кога рускиот претседател Владимир Путин објави дека Русија одлучила да наплатува само во рубли за извозот на својот гас во „непријателските“ земји.