ХЕРОИТЕ ТРГНАА КОН НОВА ПОБЕДА во Порто

Најдобрите македонски фудбалери попладнево отпатуваа за Порто каде во вторник против Португалија ќе бркаат историски успех и пласман на СП во Катар. нашата селекција сега ќе биде посилна за Елмас и Костадинов кои дополнително ќе ја зголемат конкуренцијата.
Португалија индивидуално сметам е поквалитетна, знаат дека сме во финале и не смеат да не потценат. Од секој аспект ќе биде поразлично, ова е финале и 90 минути нè делат двете репрезентации од Мундијал“, изјави Елмас кој го пропушти дуелот со Италија, но против Португалците се очекува да биде лидер на тимот.
Црвено-жолтите утревечер ќе го одработат и единствениот тренинг на стадионот „Драгао“ каде во вторик од 20:45 часот ќе ги играат финалниот меч против Португалците.