јуни 10, 2023

ФФМ ќе додели огромна премија за пласман на СП

Македонската фудбалска репрезентација се наоѓа пред историски успех, Македонија ќе се пласира на Светско првенство доколку успее да ја победи Португалија во Порто. Прв пат во историјата на македонскиот фудбал игравме бараж и не дели само уште еден натпревар до пласман на СП.

Фудбалската федерација на Македонија одреди највисока премија во историјата: фудбалерите ќе поделат 4,5 милиони евра доколку вечерва ја победат Португалија и успеат да се пласираат на Светското првенство во Катар.

Од ФФМ сметаат дека ова ќе биде дополнителен мотив за нашите фудбалери.
Претходно, премиерот Димитар Ковачевски најави дека Владата ќе издвои половина милион евра доколку Македонија за прв пат во историјата се пласира на СП.