декември 2, 2023

ФТ: SWIFT ќе ги погоди и САД и Германија и ќе ги забрза напорите на Русија и Кина за негова замена

Европската унија и САД исклучија неколку руски банки од SWIFT ама не ја отстранија Русија од SWIFT.

SWIFT е светската меѓубанкарска компанија за финансиски телекомуникации (SWIFT) која се користи од повеќе од 11.000 финансиски институции за безбедно испраќање информации за финансиски трансакции, пораки и налози за плаќање. Суштински значјна е оти нема замена.

Отстранувањето на Русија од SWIFT ќе го направи речиси невозможно испраќањето пари во или надвор од земјата и ќе предизвика проблеми за руските компании и нивните странски клиенти – особено купувачите на нафта и гас во американски долари.
Ќе предизвика дестабилизација на валутата и одлив на капитал.

-Соединетите држави и Германија може да загубат најмногу ако се исклучи Русија, бидејќи нивните банки се најчести корисници на SWIFT при комуникација со руските банки.
– Исклучувањето на Русија од SWIFT ќе ја намали нејзината економија за 5 отсто, процени поранешниот министер за финансии Алексеј Кудрин во 2014 година.
Во 2014 година, Обединетото Кралство се обиде да ги убеди останатите членки на ЕУ да ја исфрлат Русија од системот SWIFT, но тогаш самиот SWIFT одби да го стори тоа.
Оттогаш, Централната банка на Русија создаде своја верзија на системот за испраќање информации меѓу финансиските институции, Систем за пренос на финансиски пораки (SPFS), но тој систем работи само во Русија и само во неколку банки надвор од неа.

Руските власти имаат идеја да ја прошират руската верзија на SWIFT и во други земји, како Турција и Иран.

Но, рускиот SWIFT е многу полош од оригиналот, па дури и во тие земји на него се смета само во случај на потреба, а не како замена за SWIFT.

Сепак, со него се поврзани повеќе од 25 банки од Ерменија, Белорусија, Казахстан, Киргистан, Швајцарија и Германија.

Кина се обиде да направи слична замена за SWIFT, но не успеа.

Исклучувањето од Свифт нема да ги спречи руските банки да вршат прекугранични трансакции, но тоа би станало поскапо и понапорно. Странските зделки ќе се потпираат на употреба на помалку ефикасни алатки за комуникација, како што се е-пошта и телекс.

Тоа, исто така, би ја спречило Русија да го надомести меѓународниот профит од нејзиниот извоз на нафта и гас, кој сочинува повеќе од 40 отсто од нејзиниот приход.

Плаќањето за увоз на нафта и гас би било значително потешко, а со тоа и испораките би запреле.

Светските лидери се поделени околу тоа дали да ја исфрлат Русија од системот за плаќање Свифт. Дури и кога руските трупи го срушија Киев, пакетот ја пропушти единствената казна што многу аналитичари ја сметаа за најстрога: исфрлање на Русија од меѓународниот платен систем Свифт.

„Тоа е секогаш опција, но во моментов тоа не е ставот што остатокот од Европа сака да го заземе“, велат европските политичари.

Германскиот канцелар Олаф Шолц предупреди дека неговата земја има резерви за таквиот потег, а истото го направи и ЕУ.

Функционер на Г7 рече дека некои членки не сакаат бидејќи тоа ќе го оневозможи плаќањето на руската енергија, што индиректно може да предизвика пораст на меѓународните цени на енергијата. Тоа е акутна загриженост во Вашингтон, каде Бајден рече дека не сака санкциите да ги зголемат цените на бензинот и да им наштетат на потрошувачите.

Некои членки на Г7, исто така, стравуваат дека отстранувањето на Русија од Свифт ќе ги забрза напорите на Русија и Кина да создадат ривалски платежни системи кои не го користат американскиот долар.

Бајден се закани и дека ќе размисли за воведување санкции на Путин и дека опцијата Свифт останува на маса.

Свифт долго време се сметаше како опција во рамките на пакетот санкции на ЕУ, но порано не се сметаше за веројатен.
Обемот на руската инвазија на Украина поттикна дебата окулу тоа. Балтичките земји и Полска се меѓу оние кои се залагаат за Свифт, другите земји-членки се повнимателни.

SWIFT е моќно оружје, бидејќи нема соодветна замена за него, но во исто време тоа е оружје кое најверојатно ќе и наштети и на ЕУ, а не само на Русија