декември 2, 2023

Финска не сака во НАТО

Финската премиерка, Сана Марин, порача дека Финска во блиска иднина нема планови да се приклучи кон НАТО,
– Никој не може да влијае врз нас, ниту САД, ниту Русија, ниту кој било друг – додава Марин.
Таа истакна дека е „многу неверојатно“ нејзината земја да се пријави за членство во НАТО во време на нејзиниот мандат. Сепак додаде дека Финска ќе ги подржи евентуалните санкции на западот против Русија.

Финска и Русија имаат заедничка граница долга 1.340 километри.

Американскиот претседател Џо Бајден пред два дена го повика финскиот претседател Саули Ниинисто, втор пат овој месец, да разговараат за „важноста на блиското одбранбено партнерство на Финска со САД и НАТО“, се наведува во соопштението од канцеларијата на Бајден.

Марин не сакаше да зборува за тоа, но кажа дека верува оти другите земји се свесни за фактот дека Финска долго одржувала „функционални“ односи со Русија.
Последната анкета на најголемиот фински дневен весник „Хелсингин саномат“ покажува дека 28 отсто од Финците сакаат земја во НАТО, додека 42 отсто се против.