Украинците ја обвинија нивната фудбалска легенда дека е руски шпиун

Анатолиј Тимошчук (42) стана непожелна личност во својата земја, после руската инвазија врз Украина. Играчот со најмногу настапи во дресот на Украина (144) важи за предавник бидејќи не сакал да го напушти тимот на Зенит каде работи како тренер, а сите негови рекорди и значајни остварувања се бришат, како да не постои. Украински новинар Костјантин Андријук тврди дека Тимошчук всушност е руски таен агент.
Како доказ ги објавил фотографиите кои ги добил пред неколку години за време на истрага. Сепак, тој не сакаше да ги објави без вистински докази, а војната очигледно го разоткри познатиот фудбалер.
Тимошчук се заколна на верност на Русија и потпиша изјава во која се вели:
-Јас, Анатолиј Тимошчук, се колнам на верност на Русија и се колнам дека ќе ги почитувам Уставот и законите. Се колнам на верност на ФСБ и дека ќе ги извршувам наредбите на моите претпоставени и дека ќе чувам државни и службени тајни. Подготвен сум да го дадам животот за Русија, е наводната заклетва дадена од поранешниот фудбалер на Баерн.
Претходно, Фудбалската федерација на Украина на својата официјална веб-страница објави дека ќе го санкционира Тимошчук за „соработка со окупаторите“. Освен што федерацијата нема да признае никаков настап или трофеј, му ја одзеде и тренерската лиценца. Официјално, Тимошчук до денес беше фудбалер со најмногу настапи за украинската репрезентација.
Многу Украинци остро го критикуваа дека останал во Русија. Многу фудбалери поранешни и сегашни исто го прозваа и го коментираа. Нему му се јавил неговиот поранешен соиграч Евгениј Левченко, кој му рекол: „Тимо, зошто го направи тоа? Ти си од Украина. Како можеш да молчиш и да продолжиш да работиш таму? Игравме заедно за ист тим, го носевме тој дрес со гордост, пееше химна, славевме и тагувавме. Како ќе живееш со тоа?“