мај 29, 2023

Украинците не се пробиле до фабриката „Азовстал“ во Мариупол

Руската армија и припадниците на Народната милиција на Република Доњецк спречија обид на украинските сили да се пробијат до фабриката „Азовстал“ во Мариупол. Според медиумите, украинската војска повремено се обидува или да излезе од градот, или да се пробие до „Азовстал“. Денеска се обиделе да се пробијат до фабриката со помош на 200 војници, подржани од воена техника. Тоа не го дозволиле единиците на руската армија и силите на ДНР. Според изјавите на припадниците на армијата, тие не успеале да стигнат до фабриката. Оваа информација се уште се проверува“, изјави репортер на Sputnik International.
Инаку, руските сили го опколија Мариупол на 7 март и оттогаш се обидуваат да го исчистат градот, повеќето квартови веќе се под контрола на руската армија.