Украина ќе го нападнела Донбас? објавени тајни документи

Украина планирала напад на Донбас, Руското Министерство за одбрана објави тајни документи што укажуваат дека украинските оружени сили планирале во март годинава да спроведат воена интервенција во Донбас.
„Во рамки на специјална воена операција руските сили дојдоа до тајни документи на Командата на Националната гарда на Украина. Тие потврдуваат тајна подготовка на режимот на Киев за офанзивна операција во Донбас во март 2022 година“, изјави портпаролот на руското МО, Игор Конашенков.
Според него, станува збор за тајна наредба потпишана од командантот на Националната гарда на Украина, генерал-полковник Микола Балан датирана на 22 јануари оваа година.
Како што наведе Конешенков, планот предвидувал до 28 февруари да заврши борбената координација на украинските националисти, за да се обезбеди реализација на офанзивни задачи во рамки на украинската „операција на здружените сили“ во Донбас.
Русите ја хакираа украинската служба за безбедност: Објавија листа на 50.000 борци, докази за тортура и останати доверливи податоци.
Руската хакерска група „KILLNET“ ги хакираше базите на податоци на Службата за безбедност на Украина. Беше објавено дека сајбер борците имаат целосни досиеја за 49.497 луѓе, тајни документи за специјални операции во Донбас, методи за влијание врз затворениците (вклучувајќи тортура), како и информации за нацистичките организации во Украина.