декември 2, 2023

Украина тврди го заземала, Русите најавуваат реферeндум во Херсон

Минатата ноќ, американските воени претставници тврдеа дека Русија ја изгубила контролата врз Херсон – првиот град што ги презел руските трупи. Сега украинскиот официјален претставник тврди дека украинските сили повторно ќе го окупираат градот денес.

Маркиан Лубкивски, советник на министерот за одбрана, за BBC Radio 4 изјави: “Верувам дека денес Херсон ќе биде целосно под контрола на украинските вооружени сили,
“Ние ја завршивме последните два дена операцијата во регионот Киев, така што вооружените сили сега се фокусирани на јужниот дел обидувајќи се да го ослободат Херсон и некои други украински градови”,
Од друга страна руските извори објавуваат видео снимки во кои се гледаат патроли на руски војници низ градот, и тврдат дека не само градот туку скоро целата област Херсон е под нивна контрола и за нив е приоритетна бидејќи преку неа оди снабдувањето на Крим.

Руските извори наведуваат дека деновиве се воспоставува нова воено-цивилна администрација на Херсон а до крајот на април најавуваат и референдум во областа Херсон за одвојување и на таа област од Украина по пат на гласање на референдумот кој, патем, би се одржал во воени услови.