мај 29, 2023

Украина се согласи на преговори во Белорусија

Украина се согласила да води преговори со руската делегација во Белорусија.Зеленски рече дека ќе преговара на граница. Украинскиот претседател Володимир Зеленски се огласи на Фејсбук по средбата со белорускиот претседател Александар Лукашенко.

„Резултатот од разговорите со Александар Лукашенко. Се договоривме украинската делегација да се сретне со руската делегација на украинско-белоруската граница, во близина на реката Припјат, без предуслови. Александар Лукашенко ја презеде одговорноста да обезбеди сите авиони, хеликоптери и проектили стационирани на белоруска територија да останат на теренот за време на патувањето, разговорите и враќањето на украинската делегација“, напиша тој на Фејсбук.

Според РИА Новости, руската делегација од Минск заминала за Гомел.

Заменик-министерот за надворешни работи на Русија, Андреј Руденко, изјави дека украинската страна треба самостојно да определи на кое ниво и во каков состав ќе биде претставена во преговорите со Русија.

„Секоја страна, обично во сите дипломатски преговори, самостојно го одредува нивото и составот што смета дека е неопходно, како на ниво на експерти, така и на ниво на самите шефови на делегации“, рече тој.

https://www.facebook.com/photo.php?fbid=3020012111582478&set=a.1768961800020855&type=3