септември 26, 2022

УКРАИНА НЕ МОЖЕ ДА ПОСТОИ ВО СВОИTЕ ГРАНИЦИ Таа шанса ја пропушти во 2014 година

„Русија порачува дека раководството во Киев ја пропушти шансата да ја задржи земјата во своите граници“.

Ова на брифинг го изјави официјалниот претставник на руското Министерство за надворешни работи, Марија Захарова, објави руската агенција „Интерфакс“.

– Ја покануваме администрацијата на Зеленски, не знам како да ја наречам, оваа група пријатели, да размисли за судбината на земјата, луѓето, животот на населението, да донесе заклучоци, да донесе соодветни одлуки. Тие веќе ја пропуштија главната шанса за постоење на Украина во нејзините граници, суверена Украина, независна Украина – изјави претставничката на руското Министерство за надворешни работи.

Според Захарова, таа шанса Украинците ја добиле во 2014 и во 2015 година.

– Сите платформи беа искористени за да се објасни дека едноставно нема друга опција за државата Украина, освен преземање соодветни чекори во рамките на акцискиот план од Минск. Во спротивно, државата ќе се распадне, како што гледаме сега, пред очите на целиот свет – изјави Захарова.

Постојаниот претставник на Руската Федерација во Обединети Нации, Василиј Небензја, изјави дека Русија се одлучила за специјална операција во Украина, дури кога ги исцрпила сите мирни и дипломатски начини за решавање на конфликтот во Донбас.

Утре се навршува еден месец од почетокот на војната во Украина.

Украина објави дека руските сили извршиле повеќе од 1.800 воздушни напади во Украина од почетокот на руската инвазија пред еден месец. Русија не открива колку нивни војници загинаа во Украина.

Војната ќе биде решена во наредните 15 дена, вели високиот претставник на ЕУ за надворешна политика и безбедност Жозеп Борел.