Украина и Русија договорија девет коридори за евакуација на население

Украина и Русија договорија девет хуманитарни коридори за евакуација на цивилно население. Украинци ќе ги напуштат опколените источни региони, откако за денеска се договорени девет хуманитарни коридори од украински и руски официјални лица. Рутите ќе се користат за евакуација на луѓе од Мариупол, како и други југоисточни градови до Запорожје, но и за жители од регионот Луганск до Бахмут.
Украинските власти ги засилија своите напори да евакуираат жители и од Донбас, додека воената офанзива на Русија се префрла на исток од земјата.