декември 2, 2023

Украина веќе нe може да излезе на море,Русите ја изолираа од Црно Море

Руските сили го блокирале украинскиот брег на Црното Море, со што Украина е отсечена од меѓународната поморска трговија, ова вчера го соопштиле од Британското Министерство за одбрана а пренесуваат медиумите.

– Руските поморски сили воспоставија оддалечена блокада на украинскиот брег на Црното Море, ефикасно ја изолира Украина од меѓународната поморска трговија, пишува во твитот на британското Министерство за одбрана.