УКИМ падна 27 места и е рангиран на 1944 место на Шангајската листа

УКИМ е рангиран на 1944 место според Шангајската листа – пад од 27 места за една година, рече на прес конференција портпаролката на ВМРО-ДПМНЕ, Марија Митева.
На Шангајската листа УКИМ се најде на 1944 место, што е пад за 27 места споредено со минатата година. УКИМ е на листата позади Белград, кој е во првите 500 универзитети, позади Загреб, Љубљана и бројни други факултети од регионот. Што се случува, има ли УКИМ воопшто ректор и ќе понесе ли некој одговорност?
Според Митева поразителните политики во образованието никако да запрат, а како резултат на тоа Универзитетот “Свети Кирил и Методиј” од Скопје е рангиран на 1944 место на Шангајската листа на универзитети а тоа е потврда дека образованието е на последно место на приоритети на оваа влада.