Ужасно беше, исплашени сме, се враќам дома, вели Албанец доброволец во Украина по нападот на Русите

Јетмир Хисени, 22 годишен Албанец кој е роден во Албанија а живее во Белгија го преживеал рускиот напад врз центарот за обука во Јаворив, Западна Украина на границата со Полска. Тој за Глас на Америка рече дека во нападот загинаа 35 лица а ранети се 124 други, пренесуваат медиумите на албански јазик.
На прашањето на Гласот на Америка дали дошол во Украина како странски борец, тој одговори: „Ние не сме со војската и не сум бил овде порано. Дојдовме во групи во петокот, по два дена Русите не нападнаа со 30 бомби. Сите сме исплашени, под стрес. Тогаш спиевме, имам и слика кога експлодираше една бомба. „Не знаевме на каде да одиме, беше страшно“, вели Јетмир и додаде дека не е подготвен за ова и дека ќе се врати дома.
Русија нападна украинска воена база на неколку километри од Полска, клучна дестинација за западната воена помош за Украина.