септември 27, 2023

УЕФА ќе донесе одлука, руските спортисти не треба да страдаат од војната во Украина

Првиот човек на Европската фудбалска унија (УЕФА), Александар Чеферин, смета дека руските спортисти и клубови не треба да ги трпат последиците од војната во Украинa, пренесуваат спортските медиуми.

Тој изјави дека санкциите кон Русија за агресија врз Украина не треба да важат за руските спортисти и додаде дека УЕФА наскоро ќе донесе одлука за настапите на руските клубови во натпреварувањата на Европската фудбалска асоцијација. .

„УЕФА наскоро ќе одлучи дали руските клубови ќе можат или не да играат во европските натпреварувања. Руските спортисти и клубови не треба да ги трпат последиците од војната во Украина“, изјави Чеферин.

Според него руските спортисти не се виновни за војната и треба да се покаже дека санкциите не се насочени против нив или рускиот народ.