Три пати повеќе млади се иселиле од државата последниве неколку години, вели Мицковски

Според вропската статистика ЕВРОСТАТ три пати повеќе млади луѓе се иселени од Македонија последниве неколку години додека е оваа влада предводена од СДСМ, рече претседателот на ВМРО – ДПМНЕ, Христијан Мицковски на настан во Велес.
– За разлика од оваа влада која оставаше празни чевли пред зградата на Илинденска и броеше, така од ракав колку си заминале од земјава, и после кога ги зграбија фотелјите се заборавија, ќе споделам еден податок кој е официјален и го објавува еврропската статистика ЕВРОСТАТ-ако во 2012 та година биле издадени 9 317 работни дозволи од земјите на ЕУ за македонски државјани, во 2019 та година бројот на издадени дозволи е 26 653 дозволи или три пати повеќе луѓе отишле да работат во странство затоа што со СДСМ, со Зоран Заев и администраторот Ковачевски тие буквално не гледаат никаква иднина во Македонија, истакна Мицкоски.
Тој посочи дека наша задача е да ги вратиме овие луѓе и да им кажеме дека ќе се бориме за сите луѓе подеднакво затоа што Македонија е за сите луѓе и затоа што оваа држава мора да има иднина, бидејќи како стојат сега работите со оваа власт народот се сели заради тоа што се живее лошо и животот станува се поскап.