Трговската размена со Германија 4,7 милијарди евра

Трговската размена помеѓу Германија и Македонија во 2021 година повторно значително се зголемила и го достигнала своето рекордното ниво. Во 2021 година помеѓу двете земји беше остварена трговска размена во вредност од 4,7 милијарди евра, што означува зголемување за 23,6 отсто во споредба со минатата година, пишува во соопштението.
Извозот од Македонија кон Германија во 2021 година се зголемил за 24,8 отсто во споредба со 2020 година, додека увозот од Германија во Македонија се искачи од 1 милијарда евра на 1,2 милијарди евра, што претставува раст од 20,6 проценти.
Сојузна Република Германија е прв трговски партнер на Република Македонија, со голем број на директни инвестиции на компании од Германија во нашата земја. Во Македонија има голем број на германски производни компании од автомобилската индустрија.