јуни 10, 2023

Судири во Шведска поради анти-муслимански собир

Судирите избувнаа поради плановите на анти-имиграциското и анти-исламското движење Страм Курс (тврда линија) да ги запали копии од Куранот – муслиманската света книга – во јавност.

Плановите на екстремно десничарската група јавно да палат копии на Куранот предизвикаа жестоки судири со контра-демонстрантите трет ден по ред во Шведска. Корпи за отпадоци, автобус и автомобил беа запалени во серија инциденти во јужниот град Малме во текот на ноќта, се вели во соопштението на полицијата во неделата. „Ситуацијата се смири кон 3:00 часот (01:00 по Гринич)“, изјави портпаролката на полицијата Ким Хилд за јавното радио СР, додавајќи дека нема повредени полицајци, но голем број членови на јавноста се полесно повредени. Поднесени се речиси 20 жалби, вклучително и за вандализам. Слични судири имаше во последниве денови поради плановите на анти-имиграциското и анти-исламското движење Страм Курс (тврда линија) предводено од данско-шведскиот политичар Расмус Палудан да запали копии од муслиманската света книга во јавност. Судирите избија по собирот на приврзаниците на групата во саботата.

Извор: TRT World / AFP