мај 29, 2023

Стојков: Се прават чекори Македонија да се откаже од постоењето на македонското малцинство

Се прават чекори Македонија да се откаже од постоењето на македонското малцинство, членовите на Омо Илинден Пирин и другите македонски организациии во Бугарија се револтирани и навредени, тие досега биле маргинализирани, дискриминирани и затворани заради македонското прашање а сега државата може да им каже дека тие не постојат, тоа е најболното нешто што може да се случи, рече во интервју Стојко Стојков, еден од лидерите на македонското движење во Бугарија. Според Стојков помош од Македонија никогаш немало ама сега Македонија се откажува и од нивното постоење, тоа е удар за сите нив. линкот до интервјуто https://youtu.be/ORDiT6tpvqs