СТОИЧКОВ:ПАНЧЕВ ВО НАЈДОБРИТЕ ФУДБАЛЕРИ ВО ИСТОРИЈАТА НА БАЛКАНОТ

Христо Стоичков, легендарниот фудбалер на ЦСКА Софија и Барселона, најдобриот фудбалер во историјата на Бугарија,за медиумите во Хрватска, говореше на повеќе теми, а на прашањето кој е најдобар фудбалер во историјата на Балканот, Стоичков не размислуваше и веднаш одговори, а списокот од седумина најдобри го започна со нашиот Дарко Панчев…
Инаку Стоичков секогаш го привлекува вниманието, каде и да оди, за кого да дава интервју. Инаку Стоичков е голем пријател на Македонија, често знае да дојде во Скопје каде што има многу пријатели.
“Најдобри без двоумење според мене се Дарко Панчев, Дејан Савичевиќ, Предраг Мијатовиќ, Давор Шукер, Ален Бошиќ, Георге Попеску и Георге Хаџи“.. посочи Стоичков.
Интересно меѓу најдобрите тој не стави ниту еден негов сонародник од Бугарија