септември 26, 2022

Стефан: Да се одбраниме од сите што ја порекнуваат посебноста на Македонците

„Кон нашиот православен народ пак и во мир се води војна и продолжуваат непријателствата и негирањата! Да Го молиме воскреснатиот Господ да ни дарува потребна мудрост и единство, и нам во Татковината и насекаде до каде што нè има по светов, за да можеме да се одбраниме од сите, што ја порекнуваат македонската посебност и сето она што нам ни припаѓа, или кои се обидуваат со сомнителни статистики да го намалат, па дури и сосема да го избришат многувековното присуство на Македонците по македонската земја, и во минатото и во сегашноста.“ – се вели во Велигденското послание на Архиепископот охридски и македонски Стефан и на Синодот на Македонската правиославна црква – Охридска архиепископија, покрај другото, која ја пренесе весникот „Нова Македонија“. Интернет-врска до целото Велигденско послание на поглаварот на МПЦ:https://www.novamakedonija.com.mk/makedonija/g-g-stefan-gospod-da-ni-gi-daruva-mudrost-i-edinstvo-za-da-se-odbranime-od-site-shto-ja-poreknuvaat-makedonskata-posebnost/https://www.novamakedonija.com.mk/makedonija/g-g-stefan-gospod-da-ni-gi-daruva-mudrost-i-edinstvo-za-da-se-odbranime-od-site-shto-ja-poreknuvaat-makedonskata-posebnost/