Стадион 974, монтажен стадион од контејнери за Светското првенство во Катар 2022

Создаден со склопување на речиси 1.000 обоени метални контејнери за логистика и транспорт на стоки, стадионот го добива своето име од бројот на контејнери во неговата структура, 974. Бројот 974 е и телефонскиот префикс на областа Доха, каде што се наоѓа стадионот.
Има капацитет од 40.000 гледачи. Стадионот 974 е дизајниран за Светското првенство во фудбал Катар 2022 година од Fenwick Iribarren Architects со Schlaich Bergermann Partner и Hilson Moran.
Арената е пионерска и за самата ФИФА, и треба да покаже како е можно да се создадат нови, одржливи, и квалитетни зданија со намалување на трошоците и користење на необновливи ресурси. Стадионот 974 е всушност првата арена од светска класа која е создадена за да биде привремена и може целосно да се демонтира и повторно да се состави , благодарение на специфичниот првичен дизајн. Неговата близина до меѓународниот аеродром Хамад го прави една од првите згради видливи при слетување во Катар.
Употребата на контејнери за спортска арена е иновативен и амбициозен избор за создавање нов тип на стадион, привремен и модуларен . Проектот сака на свој начин да го дијалогизира контекстот во кој е поставен. Стадионот 974 се наоѓа во близина на пристаништето Доха, привилегирана дестинација за пристигнување на контејнери, од кои дел се користени за транспорт на дел од елементите што го изградија новиот стадион. Морето е исто така еден од историските простори на трговската активност на земјата.
Намерата е по турнирот стадионот да се демонтира. Морскиот гребен на кој стои, вештачки, тогаш треба да стане нов дел од брегот на Доха.
Инаку градењето на проектот Катар 2022, беше проследен со критики заради експлоатацијата и злоупотребата на трудот на имигрантите и нивните услови и профитот на ФИФА.
Текстот е преземен од Текноринг, италијански портал за технички структури https://www.teknoring.com/news/progettazione/stadium-974-arena-smontabile-mondiale-calcio-qatar-2022/?fbclid=IwAR333b6nkvSE4bNiS_JMzcE1ZQQlKbNX7ohyv-iszr2NhV6lXX711SANVQ0