Став: Нема да има голема војна по признавањето на Доњецк и Луганск, напротив деескалација

Светот се уште е во шок по признавањето од страна на Русија и Путин на двете сепаратистички републики, Доњецк и Луганск. Западот се заканува со санкции,, по медиумите веќе може да се прочита за какви санкции станува збор, се наведуваат и имиња на банки и други правни и економски субјекти блиски до Кремљ кои ќе бидат санкционирани. Германија ќе го прекине Северен тек 2 се некои од написите по медиумите. Сепак во позадина на сета оваа хистерија и на претходните најави за голема војна и напад на Русија врз Украина, веројатно нема да има ништо. Не само тоа туку и предвидувањата за спорадично гранатирање помеѓу отцепените републики и Украина ќе се намалат. Затоа што Украинците се доволно паметни дека не им треба војна ако не можат да ги вратат Доњецк и Луганск а нема да можат откако по признавањето Русија застана како гарант на нивната безбедност. Западот секако ќе се обидува да го потхранува пограничниот конфликт. Од друга страна ни Русија нема потреба да ја нападне Украина, евентуален напад од двете страни би резултирал само со жртви без никаков резултат а само со загуби на кои некој трет ќе се радува а ќе биде трагичен за инволвираните. Во прилог на ова оди и изјавата на Зеленски дека не веруваат дека ќе има голема војна по признавањето на Доњецк и Луганск од страна на Русија.
Останува да се види само како ќе реагира западот и какви ќе бидат санкциите, какви последици ќе имаат; некои од санкциите како исклучувањето на Русија од Свифт според експертите значително може да ја погодат руската економија.