Соња Манџук
Предлог за потоп

Предлогот на Макрон е продолжување на Преспанскиот договор, во делот на македонскиот јазик. Службен јазик, а на документи каде што стои македонски, да има фуснота која ќе појасни дека се работи за дијалект на бугарскиот. Всушност тоа е и барањето на бугарската страна. Гаранциите на еу, доколку соседите го тргнат ветото, ќе бидат уште една тула која ќе го затрупа македонскиот национален идентитет. Сите барање на Бугарите прифатени како дел од тнр преговарачки рамки се рампи до ЕУ. Доколку не бидат прифатени од наша страна- рампа на патот кон ЕУ. Доколку бидат прифатени од нашите инсталирани марионетки, Македонците ќе бидат модифицирани како Бугари. Като што сме биле според бугарите пред 1944. Во моментов на Петков му се тресе столицата и можно е да тресне бугарската влада. Но, тоа е само одложување на процесот. Парламентарни избори се извесност во Македонија. Досегашната инстал влада е веќе уморна од прифаќање на жешки костени, па ќе го вметнат Мицко за да го поддржи директно жешкиот костен кој ќе ја испече Македонија засекогаш. Затоа и му дадоа датум од Калето – 18 Јуни, да му ја видат кондицијата.Ако го преспиеме како народ овој погубен план за нас, подобро уште сега да си запалиме свеќа во отуѓените цркви и да си кажеме – живи не закопаа, Бог да не прости.
Препратка: https://www.facebook.com/100001029794900/posts/5558567757520829/