јуни 10, 2023

Соња Манџук

Пусти желби

Дали е само желба да го нема, па го умираат неколку пати, или е смислено насочување на енергијата, па ако гооолеем процент на луѓе поверува во тоа, навистина ќе му се случи? Путин бил мртов, го заменувал двојник. Британските разузнавачи откриле. Вауу! Се врти веста два дена, ние на Балканот се смееме. Не можат да не играат по прашање на насочена енергија, им ја одбиваме со хумор. Дури и да не сме свесни за ” насочени енергии”. Sapienti sat! Кој разбира знае!
А, веруваме ли дека Бајден е одамна тргнат, неутрализиран а можеби и мртов, и го заменува некој двојник био- робот на кој често му се спојуваат жичките и му откажуваат батериите, па не знае на која страна да се сврти, се ракува со невидливи ликови и често се сопнува на скали, кога ќе му зазуи батеријата во колено? Има луѓе кои веруваат во тоа. Но сега, ќе го исклучам Бајден, како што е исклучен по тоа прашање од медиумите/ центрите кои ни креираат мислење со надеж дека истото ќе стане реалност. / Приказната за Путин и неговиот двојник не е баш нова, само ја пуштиле на најсилно. Пред тоа ја верглаа веста дека мора да е болен, му се тресела раката, му играла ногата и бил многу потечен па ако не бил на ботокс за разубавување, мора да е болен. Пред да ја ботиксираат таа вест, имаше информација за украински вештерки коишто на одреден ден, ја палеа куклата Путин. Потоа медиумски почнаа да му ја тресат раката, мрдаат ногата. Небаре ги отстранува пламените јазици од себе. Војните се водат на повеќе нивоа. Впрочем и оваа “војна којашто тоа не е”, не е само чистење на нацистичкиот отпад, исто како што не е само војна помеѓу Украина и Русија, туку е помеѓу нато (намерно е со мали букви, за да им ја намалам силата, кхк) и Русија. И економска е. И енергетска е, па и со енергии е. И духовна е на некој начин. Борба помеѓу доброто и злото, како вечна борба. И како на Небото, така и на Земјата. И не се бираат средствата со кои ќе се војува. Зарем мислиме дека Русите не се свесни за тие “средства”? А имаат неколку институти за проучување на екстасензорни човечки потенцијали! А, дури и да е точно тоа дека користи двојник – посилни му се батериите, зарем не?