јуни 10, 2023

Соопштение на политичките и други субјекти за Прекин на пописот 2021!

Имајќи ги во предвид условите, начините и критериумите со кои се спроведува пописот 2021, како и долгорочните штетни последици од истиот, неминовно се наметнува потребата од негово прекинување.

Како главни причини за Прекин на Пописот се наведуваат:

1. Бришење на македонскиот народ и негово претопување во етничка заедница;

2. Неусогласеноста на методологијата со пописните стандарди на Евростат и ООН;

3.Сомневање во пописен фалсификат и заговор на веќе договорени резултати (политички договор а не статистички);

4. Употребата на странски софтвер без доволна транспарентност на податоците како и можностите за технички напади на истиот.

5. Немањето на никаква надворешна и експертска контрола врз пописот и верификација на внесените информации;

6. Попишување со матични броеви на починати лица;

7. Попишување на нерезидентно население повеќе од 12 месеци;

8. Недовербата и нетранспарентноста на организаторот, како и собраните сто илјади потписи на опозицијата за одложување на пописот.

Водејќи се од погоре наведените факти и аргументи а и во интерес на зачувување на здравјето како најдрагоцено богатство на секој човек , пописот треба да се прекине и да се учествува само тогаш кога сите услови ќе бидат создадени.

Скопје, Женева, Њујорк, Мелбурн, Торонто, 23 септември , 2021 година,

Политички партии и други:

1. Левица

2. Интегра

3. Коалиција „ Не Отворам Врата„

4. Родина

5. Координативно Тело на Македонците во светот

6. Македонска Ера Трета, М.Н.Листи

7. Движење Трета

8. Движење „ Бојкотирам„

9. Организации и здруженија:1. Движење Македонска преродба, 2. Здружение на граѓани ,,Граѓанска иницијатива за здраво, достоинствено и возвишено живеење – Преродба, 3. Организација на Македонскиот народ, 4. Македонски народноослободителен фронт, 5. Жени, мајки, бранителки, 6. Македонски отпор, 7. Движење за цивилизациски вредности, 8. Меѓународно движење за хуманизирање на човештвото

Координативно тело на Македонците во светот