Совет на ЕУ: Бугарија не регистрира здруженија чија цел е признавањето на македонското малцинство

Комитетот на министри на Советот на Европа оцени дека Бугарија неоправдано одбива регистрирање на ОМО Илинден. Европскиот суд досега има донесено шест пресуди во корист на ОМО Илинден, но ниту една не е спроведена
– Неоправдано е одбивање на судовите, во периодот меѓу 1999 и 2015 година, да регистрираат здруженија со цел да се постигне признавање на ‘македонското малцинство во Бугарија‘, врз основа на размислувањата за националната безбедност, заштитата на јавниот ред и правата на другите (цели кои имаат за цел ‘признавање на македонското малцинство‘ и наводни сепаратистички идеи) и врз основа на уставната забрана за здруженија кои остваруваат политички цели, како и поради неисполнување на формално-правните барања, – пишува во заклучоците на Комитетот.
Комитетот на министри исто така изрази длабока загриженост дека и покрај усвојувањето на Преодната резолуција од 2020 година и одлуките од јуни 2021 година, најновите барања за регистрација иницирани од здруженијата апликанти повторно беа одбиени врз основа на целите на здруженијата.
„Комитетот изрази длабока загриженост поради фактот што речиси 16 години по првата правосилна пресуда во оваа група, на здруженијата кои имаат за цел ‘да го постигнат признавањето на македонското малцинство‘ и понатаму рутински им се одбива регистрација и дека тоа во моментов изгледа главно поради поширок проблем на неодобрување на нивните цели;
Комитетот истакна дека сегашните пресуди не доведуваат до обврска да се признае група на лица како малцинство, но јасно е дека од домашните власти бараат да не одбиваат регистрација врз основа на целите на здруженијата.
Комитетот побара информации за сите горенаведени прашања до 30 септември 2022 и одлучи да продолжи со испитувањето на оваа група случаи на нивниот состанок во декември 2022 година.