септември 27, 2023

СОВЕТОТ НА МАКЕДОНСКИТЕ ЗАЕДНИЦИ НА АВСТРАЛИЈА ЈА ОСУДУВА ХИЕРАРХИЈАТА НА МПЦ ВО ВРСКА СО ДЕКЛАРАЦИЈАТА СО ВСЕЛЕНСКИОТ ПАТРИЈАРХ

На 09 мај 2022 година Светиот Синод на Вселенската Православна Патријаршија издаде Декларација, во име на патријархот Вартоломеј, со која се прифаќа Македонската православна црква во „Евхаристиско заедништво“ со Вселенската Православна Црква. Сепак, Указот не го признава автокефалниот статус на Македонската православна црква, кој беше самопрогласен во 1967 година.

Уредбата, исто така, ја отстапува одговорноста за административното регулирање на конечното прифаќање на Македонската православна црква како автокефална и независна членка на „Православното семејство“ на Српската православна црква, чија јурисдикција над Македонската архиепископија сè уште ја признава како валидна. Имено, во Уредбата намерно се избегнува употребата на името „Македонска православна црква“, а Црквата се нарекува „Охридска“ црква, што само делумно се однесува на додатокот што го користи самата МПЦ, поточно „Охридска архиепископија“.

Изјавите дадени јавно после Декларацијата од страна на политичките и верските лидери во Република Македонија нашироко ја поздравуваат иницијативата на Патријархот.

Советот на македонските заедници на Австралија изразува длабоко жалење и загриженост во однос на овие случувања. Крис Ангелков, претседател на Советот, изјави дека „ставот на нашите конститутивни членови и на значајното македонско население во оваа земја што тие го претставуваат, е дека ставот што го усвои Светиот Синод на Македонската Православна Црква, особено решението да го „поздрави“ и да се „поддржи“ иницијативата на Вселенскиот Патријарх, претставува капитулација пред оние страни кои постојано се противат не само на глобалното признавање на Македонската православна црква, туку и на самиот идентитет на македонската нација и нејзиниот народ и сите нивни етно-културни атрибути“.

Ангелков ја продолжи изјавата кажувајки дека „јасно е дека сега се поставени одредени предуслови за конечно прифаќање на Македонската Православна Црква на еднаква основа со сите останати сестрински православни цркви. Тие вклучуваат имплицитно преименување на Црквата во „Охридска Црква“, како и наводен пат кон целосно прифаќање преку шовинистичките политики и практики за ова прашање на Српската православна црква. Овие предуслови не само што се целосно неприфатливи, туку се навистина и понижувачки за македонскиот народ, и секако за нашите побожни православни христијански парохијани“.

Советот смета дека, во најдобар случај, црковното раководство се согласува со континуираните обиди за „денационализирање“ на македонскиот народ од традиционално заинтресеирани фактори кои историски го угнетувале Македонците и ги негирале не само нивните основни национални и човекови права, туку и самите карактеристики што ги дефинираат нив во однос на нивниот јазик, култура и религија, меѓу другите атрибути. Ангелков додаде дека „фактот дека црковната хиерархија во Скопје може да биде соучесник во таквите дејствија е навредливо и во крајна мера ги повредува чувствата на Македонците насекаде“. Тој додаде дека „ослабувањето на нашиот основен идентитет и наследство на овој начин едноставно за да се добие прием во „елитен клуб на православието“ е деградирачко. Ова не е нешто што би требало да се очекува од нашите просветени и принципиелни духовни водачи.Советот смета дека „отстапувањето“ конечната судбина на нашето легитимно право да ги одредуваме нашите верски работи и да бараме поддршка за тоа право од целата православна заедница, на Српската православна црква, особено со оглед на историските пречки во тој однос, е анахроно и не може под никакви околности да се поклопи со каква било потенцијална корист или предност за Македонската православна црква, нејзините верски и духовни приврзаници и македонската нација во целина. Тоа е уште еден чин на „покорување“ со цел да се добие одредена опиплива корист за неколку носители на одлуки со „отворено себични интереси“.

Ангелков заклучи велејќи дека „ова е едноставно плаќање на превисока цена “. Размислувајќи за неодамнешната „деморализација“ предизвикана од „тотална капитулација“ на политичкото раководство во Републиката што доведе до „Договорот од Преспа“ со Грција, и поновото „флертување“ со Бугарија за историски и културни прашања што исто така носи со себе „огромна несигурност и ризици во овој момент“, Ангелков додаде дека „Македонската Православна Црква е црква на македонскиот народ и никој нема право да ја негира нашата легитимна употреба на ова свето име. Не ни е гајле ако другите православни цркви воопшто не не признаат. Македонската православна црква никогаш не смее да го отстапи своето име и независност на нашите традиционални угнетувачи кои го негираат самото постоење на македонската нација, јазик, историја и култура, за свои погрешни и себични цели. Македонците во другите региони на Македонија, како и во Дијаспората воопшто, се составен дел на македонската нација. Недвосмислено изјавуваме дека никакви себични лидери, било тие да се политички, религиозни или било какви други, немаат право, без наша изречна согласност, да се пазарат и за возврат трајно да ја ослабат самата суштина на нашиот горд и единствен идентитет“.Советот го повикува Светиот Синод на МПЦ веднаш да го преиспита својот став по ова витално прашање. Го повикува политичкото раководство во Републиката да ги исполни и своите морални обврски во овој поглед и конечно да ги исполни ветувањата дадени на различни начини низ годините, но особено во 1944 и 1991 година, за изградба на успешна македонска држава под „ново сонце на слободата“.

Неодамнешните неуспеси на црковната хиерархија во Скопје, особено во врска со ситуацијата во Австралиската епархија, објективно доведоа до создавање на простор меѓу Македонците во оваа земја каде полека почнаа да се вкоренуваат мислите за понезависен црковен пат и живот. Повтореното носење на неразумни решенија во овој поглед од страна на црковните великодостоиници може само да создаде поплодна почва за идни радикални решенија. Тоа семе, под одредени околности, може само да се рашири се побрзо низ македонската дијаспора.

Извор: Bregalnicki.mk