декември 2, 2023

СМК: Пописот е неуспешен, ја рекомпонира државата, двојазичните униформи се неуставни

НЕЗАВИСНО ОД ОБЈАВАТА НА ДРЖАВНИОТ ЗАВОД ЗА СТАТИСТИКА, ПОПИСОТ ВО 2021 ГОДИНА Е НЕУСПЕШЕН, А ПОПИСНИТЕ РЕЗУЛТАТИ СЕ НЕРЕЛЕВАНТНИ И НИШТОВНИ, ПРЕТСТАВУВААТ ГРУБ ФАЛСИФИКАТ!, се вели во соопштението на СМК.
Светскиот Македонски Конгрес (СМК) таканаречениот попис на населението од 5 до 30 септември 2021 година, односно таканареченото “самопопишување“ во странство од 1 март до 30 септември 2021 година, и покрај објавите на Државниот завод за статистика (ДЗС) и натаму го смета за неуспешен, а резултатите за нерелевантни и ништовни, бидејќи е спроведен со закон и методологија во спротивност со меѓународните стандарди на Обединетите Нации и Еуростат, преку манипулациите со пописните кованици “вкупно резидентно население“, “вкупно нерезидентно население“ и “вкупно попишано население“ уникатни во светот само за државата Македонија!
СМК потсетува дека од 1 март до 30 септември 2021 година “самопопишани“ во Австралија се околу 3.100 македонски државјани, во Канада 1.900, а во Соединетите Американски Држави 9.000, иако ДЗС информира дека заклучно со 30 септември 2021 година: (1) во странство биле “самопопишани“ 203.144 македонски државјани, претежно во Европа, И (2) евидентирани биле 1.832.696 матични броеви од граѓани во земјата со бројни малверзации, наспроти вкупниот број запишани избирачи во Избирачкиот список – 1.824.864 заклучен на 24 септември 2021 година!
Македонците, по род и државјанство, од сите делови на Македонија, во светот и татковината, ги отфрлаат пописните резултати на Државниот завод за статистика како груб фалсификат на етничкиот и верскиот состав на населението, со далекусежни последици по мирот и безбедноста на државата Македонија и регионот, бидејќи ја рекомпонираат државноста и претставуваат обид за дерогирање на Македонскиот од мнозински народ во едно од многуте малцинства во сопствената држава Македонија! Овој пописен фалсфикат врши дискриминација врз Македонскиот народ и етничките заедници како национални малцинства, тоа не е во функција на обезбедување мирен и стабилен сестран развој на државата Македонија и нејзиниот суверенитет и интегритет, обезбедени на мирен и демократски начин!

Од СМК реагираат и на двојазичните полициски униформи, според нив: ДВОЈАЗИЧНОСТА НА ПОЛИЦИСКИТЕ УНИФОРМИ Е НЕУСТАВНА И ПРЕТСТАВУВА ЗЛОУПОТРЕБА НА СЛУЖБЕНАТА ПОЛОЖБА НА ВЛАДАТА! СМК потсетува дека во Извештајот на Венецијанската комисија од 6 декември 2019 година се вели, Законот за употреба на јазиците е нејасен, непрецизен, конфузен, неприменлив, внесува правна несигурност, го суспендира владеењето на правото и е неконзистентен во однос на Рамковната конвенција за заштита на националните малцинства и европската Повелба за регионални и малцински јазици, бидејќи ги надминува стандардите на меѓународното и европското право.

Линк до целосните текстови на СМК https://www.facebook.com/SvetskiMakedonskiKongres/?__cft__[0]=AZUaJmWDlUjyrUIXWVyno3FaD-nbDIfH_qB5WmBkVjTaRaeKaNAppg9ZkVQfjCM6jQG5eQjOAWdf2SM6ekmnMWhqEhXsB6DSvdFqnyhW9lhCcIN1VVCnf8j7-kvvabdlN47jnvwKwFPTyYxVHMlWIc6b&__tn__=%3C%3C%2CP-R и https://www.facebook.com/SvetskiMakedonskiKongres/?__cft__[0]=AZX4c293wkV-usQjLsixV8cuT3_NyQ0Hr-Zz5bHVDUVRI-KGL6xdOby8LVkMIRykeuS4Y4MzFIirpyU4CxzZthbeprELnZmOY-BzdBcy2YqjxXyNBBBFf9ZC4926GVTSAkxrtVu8RJrt8Bp_7VRvUtM6&__tn__=%3C%3C%2CP-R