Словачка ќе го плати рускиот природен гас во рубли?

Словачка е првата земја членка на ЕУ што ќе го плаќа природниот гас во рубљи , доколку тоа е потребно, изјави словачкиот министер за економија Ричард Сулик на националната телевизија. „Ако има услов да се плати во рубљи, тогаш ќе платиме во рубљи“, рече Сулик. Тој нагласи дека рускиот увоз сочинува приближно 85 отсто од сите резерви на гас на Словачка, така што властите на земјата ќе останат прагматични по тоа прашање.„Не може да бидеме отсечени од гасот“, нагласи Сулик, повикувајќи го остатокот од Европа да работи заедно за да најдеме решение.