мај 29, 2023

СЗО: расизам е што сите размислуваат за Украина а не за Етиопија

Не се обрнува исто внимание и на црните и на белите животи а меѓународната заедница заради Украина заборави на преостанатите кризни подрачја., – Тиграј во Етиопија, Јемен, Авганистан, Сирија, прекорува шефот на СЗО, Тедрос Гебресејус. Тој вели дека меѓународната заедница заради преголемиот фокус на. Војната во Украина се однесува расистички и речиси заборави на другите кризни подрачја во светот каде луѓето исто страдаат и патат од конфликти. Тој критикувајќи ја таквата ситуација предупредува дека светот не обрнува исто внимание на животите на белите и црните луѓе.